ДРВО БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕШКО: Тројца лишени од слобода, во случајот вмешана и вработена во „Национални Шуми“

t

На 7 октомври 2026 година, во 15:10 часот, во селото Теово, Општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка и Отсекот за економски криминал при СВР Велес лишиле од слобода три лица.

Станува збор за Б.Н. (53) од село Лисиче, Општина Чашка, С.К. (33) од село Горно Врановци, Општина Чашка и 57-годишната Б.К. од Велес.

При извршената контрола на терен, на местото викано „Присој“, во атарот на селото Теово, полициските службеници затекнале товарно возило „МАН“ со велешки регистарски ознаки, кое било натоварено со огревни дрва.

При проверката било утврдено дека дел од дрвата биле без жиг, додека останатите биле со жиг.

Според информациите од полицијата, Б.Н. и С.К. не поседувале соодветна документација за дрвата. Дополнително, било утврдено дека дрвата кои биле со жиг биле обележани со службен „чекан“ кој на Б.Н. и С.К. им го дала Б.К.

Б.К. е вработена во ЈП „Национални Шуми“, подружница „Бабуна“ Велес.

За случајот бил известен јавен обвинител, а полициските службеници ги одзеле дрвата, како и останатите предмети поврзани со настанот.

Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчката полиција со притисок врз Македонското движење…

Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик…

(Фото) Почна министерската конференција за Коридорот 8…

Почна Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена…

Мајката на Ѓоко Ристов сведочеше дека 350.00…

Во Кривичниот суд на денешното судење на…

Родителите на Дамјан бараат помош: Да бидеме…

Драги наши, родителите на Дамјан очајно бараат…