ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот договор ги доделила на организации од српската заедница
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја обвини Владата дека околу 90 проценти од средствата од програмата за спроведување на Охридскиот рамковен договор ги доделила на организации од српската заедница, оценувајќи дека станува збор за „невиден скандал“ и доказ за, како што велат, однапред осмислена владина политика.
Од партијата наведуваат дека Владата, во која ВЛЕН е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, со оваа распределба ги поткопува принципите на Охридскиот договор, кој, според ДУИ, е резултат на политичката борба на Албанците за еднаквост.
ДУИ тврди дека, додека средствата од програмата се насочуваат кон организации од друга заедница, Албанците се соочуваат со укинување на механизмите за застапеност, намалување на употребата на албанскиот јазик во институциите и отстранување од раководни позиции во државната администрација.
Партијата оценува дека случајот е особено загрижувачки во контекст на, како што наведуваат, засиленото политичко, институционално, културно и медиумско влијание на проектот „Српски свет“ во Северна Македонија.
Во реакцијата ДУИ поставува прашање до коалицијата ВЛЕН што, според нив, Албанците добиле од нивното учество во власта, ако „дури и средствата од Охридскиот договор речиси целосно им се доделуваат на други“.
Од ДУИ бараат Владата итно да ја објави целосната листа на корисници на грантовите, износите доделени за секој проект, составот на комисијата за евалуација, бодирањето и записникот од процесот на одлучување.
Партијата повикува случајот да биде институционално и политички истражен, оценувајќи дека Охридскиот договор не смее да се користи за, како што наведуваат, „унапредување на Српскиот свет“, додека на Албанците им се ограничуваат нивните права.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја обвини…
Затворање на инвестиции и загрозени работни места:…
ДУИ бара од Владата да одговори колку…
ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт
Што дочекаа Албанците? Али Ахмети да блокира…
ВЛЕН: ДУИ дејствува спротивно на Охридскиот договор…
ВЛЕН ја обвини ДУИ ја дека ја…
ДУИ: Во Министерството за одбрана 10 од…
Официјалните податоци објавени од Министерството за одбрана…