ВЛЕН: ДУИ дејствува спротивно на Охридскиот договор и во интерес на македонската десница

t

ВЛЕН ја обвини ДУИ ја дека ја девалвира албанската политика и работи против интересите на Албанците.

Од ВЛЕН тврдат дека раководството на ДУИ го блокира Законот за правична застапеност и, според нив, дејствува спротивно на еден од основните принципи на Охридскиот рамковен договор.

Во партиското соопштение се наведува дека ДУИ, по 22 години учество во влади со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, сноси одговорност за, како што велат, лошото претставување на Албанците и за злоупотреби во владеењето.

ВЛЕН обвинува дека граѓаните повеќе не сакаат да бидат претставувани од политичари кои, според нив, злоупотребувале европски средства и не успеале да обезбедат основни услови за живот, како што е безбедна вода за пиење.

Од таму тврдат дека раководството на ДУИ се обидува да обезбеди политичка заштита за да избегне одговорност за наводни коруптивни дејствија и создава лажна слика оти правата на Албанците се загрозени само затоа што партијата не е дел од владејачката коалиција.

„Ваквите постапки претставуваат дејствување во корист на политичките интереси на македонската десница и се спротивни на интересите на албанската политичка кауза“, велат од ВЛЕН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…

ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…

Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…