ДУИ: Влен ја претвора „Бардовци“ во семеен бизнис – тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот
Уште еден скандал излегува на површина под власта на ВЛЕН: тендерот во Психијатриската болница „Бардовци“, во вредност до 42 илјади евра годишно, завршил кај компанија во сопственост на братучедот на директорот на болницата, објавија од ДУИ.
„Според објавените информации, сопственикот на „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи. Самиот директор ја потврдил семејната поврзаност, признавајќи дека станува збор за втор или трет братучед. Станува збор за сериозен тендер: одржување на безбедносните системи, лиценци за 300 е-поштенски сандачиња, мониторинг на 300 компјутери или сервери, firewall од нова генерација и други ИТ-услуги. Максималната вредност на договорот достигнува 2,59 милиони денари, односно околу 42 илјади евра“, велат од ДУИ.
Од партијата додаваат дека директорот тврди дека тендерот е законски бидејќи не бил дел од комисијата за избор.
„Но, тоа не одговара на клучното прашање: дали е соодветно проверен и третиран можниот судир на интереси кога добитник на тендерот е братучед на директорот? ДУИ бара итни одговори од Државната комисија за спречување на корупцијата, Бирото за јавни набавки и надлежните институции. Да се провери целата постапка, понудите, критериумите, учесниците и секоја околност која можела да влијае врз изборот на компанијата. ВЛЕН не може постојано да се крие зад изјавата „сè е законски“. Законитоста треба да се докаже, а не само да се прогласува. Кога јавен тендер завршува кај роднина на раководителот на институцијата, јавноста има право да бара одговори“, велат од ДУИ.
Додаваат дека јавните пари не се приватна сопственост, а државните тендери не смеат да се претвораат во механизам за фаворизирање на роднини.
„Ако сè е чисто, нека се објават документите и нека се докаже тоа пред граѓаните. ДУИ бара целосна транспарентност и конкретен одговор: има или нема судир на интереси во тендерот на „Бардовци“?“, велат од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Влен ја претвора „Бардовци“ во семеен…
Уште еден скандал излегува на површина под…
Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп…
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира…
Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор…
Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин…
Европската централна банка се подготвува за ново…
Европската централна банка се приближува кон ново…
Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја…
Се чини дека Украина полека ја губи…