ДУИ за Меџити: Стана милионер додека Чаир осиромашуваше – ВРЕДИ: Од ДУИ не знаат да живеат во опозиција
Човекот кој стана милионер додека Чаир осиромашуваше, денес се обидува да се претстави како промена, но граѓаните ја знаат вистината: неговата политичка структура функционира по истата логика како мафијашките кланови семејна лојалност, крвна поврзаност,лични интереси и контрола преку неговите најблиски луѓе, реагираат од ДУИ во соопштение до медиумите.
– Повеќе од 20 години, тој и неговата група го узурпираа претставувањето на Албанците во Скопје и ѝ ја уништија иднината на цела генерација млади луѓе. Во меѓувреме, растеше само неговото лично богатство и влијание.
Албанците немаат потреба од рециклирање на истиот менталитет кој инсталираше вазалството и криминалот како модел на политичко дејствување. – велат од ДУИ.
На ова одговорија од ВЛЕН.
ДУИ повторно го пушти стариот филм. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. ДУИ ги боли Изет Меџити, затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција, велат од ВРЕДИ.
Од коалицискиот партнер ВРЕДИ порачуваат:
,Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и пратеник. Со глас од терен, со луѓе. Не како Бујар Османи, Блерим Беџети, Фатмир Бесими и кликава на ДУИ, кои политиката ја сфатиле само како седнување во фотелја, тендери и личен комодитет. Разликата е голема. Изет бил меѓу народот во маало, додека тие биле во канцелариите на извршната власт и во пазарите за моќ.
Денес најголемите љубители на фотелји се во ДУИ, таму каде што мала група луѓе околу Али Ахмети ја приватизираа партијата, го туркаат посветениот активист напред како топовско месо, за самите да се вратат на власт, во фотелји, во тендери и во удобност.
Бујар Османи повеќе од 3.700 дена министер, Блерим Беџети повеќе од 5.500 дена на функции и сѐ уште зборуваат за заштита на Албанците.ДУИ, Албанецот го гледаше само како број за глас, додека функциите како семејно наследство.
Оваа демагогија повеќе не поминува. Народот ги прочита. Тие сѐ уште сонуваат за времето на Груевски, Будимпешта им изгледа како адреса за спас, додека Мијалков го паметат како златен партнер на владеењето.
Веќе две години ги лажат активистите дека ќе се вратат на власт, а одговорот за оваа политичка измама го добија не така одамна на локалните избори, каде ВРЕДИ ги разби победувајќи во 10 општини”, стои во соопштението од ВРЕДИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ за Меџити: Стана милионер додека Чаир…
Човекот кој стана милионер додека Чаир осиромашуваше,…
СДСM: Што е со законот за двојни…
ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за пратениците од следниот…
Америка ги постигна своите цели во Иран,…
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, вчера…
Зелен хуман град бара затворање на сите…
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ остро реагираше…
Левица: Дали кандидатка за член на ДКСК…
На собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за…