Објавено на:

СДСM: Што е со законот за двојни државјанства, дали власта го гледа македонскиот или бугарскиот Устав?

t

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за пратениците од следниот состав да не може да имаат двојно државјанство. Од СДСМ велат дека и тие го предложиле истиот закон да важи веднаш, а не од следниот состав на Собранието, и да важи за сите членови на Владата и носители на извршна власт. СДСМ поднесе и измени на Законот за Влада во Собранието. Според „Бихаќка“, од тој момент премиерот Христијан Мицкоски, како што велат, се повлече, ретерираше, се правдаше дека „мораат експерти да го проверат законот и Уставот“.

„Само уште не знаеме – кој Устав гледаат? Македонскиот или бугарскиот? Ова е вистинското лице на лажниот патриотизам на ВМРО-ОКГ: Се создава вештачки конфликт со Бугарија, опозицијата ја нарекуваат „предавници“, а самите си обезбедуваат бугарски пасоши за себе и за своите семејства.

Пола ВМРО-ОКГ веќе има бугарски (европски) пасоши, затоа и не смеат да го изгласаат законот кој сами го предложија“, стои во партискиот став.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…