Објавено на:

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН?

t

Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН, објаснуваат од ДУИ во партиско соопштение поврзано со МЕПСО.

– Новиот скандал во МЕПСО отвора сериозни сомнежи за организирана мрежа на партиско фаворизирање и злоупотреба на јавните пари.

Компанијата “ Green Maintenance” формирана само неколку недели пред распишувањето на тендерот, без работна историја, без докажан капацитет и без реално присуство на терен, успева да добие договор вреден до 236 илјади евра за чистење на коридорите под далноводите.

Она што го прави случајот уште поскандалозен е фактот што еден од сопствениците на компанијата, Шабан Шефки, јавно се појавува како активист и поддржувач на ВЛЕН и Изет Меџити, додека договорот го потпишува директорот на МЕПСО, Бурим Латифи – прв братучед на Изет Меџити, веќе познат во јавноста по криминалниот договор со компанијата од Бања Лука, со кој државата беше оштетена за 6 милиони евра.

Ова не е изолиран случај. МЕПСО веќе е во центарот на јавноста по скандалот со далноводот кон Албанија, каде државата треба да плати милионска штета.

Додека граѓаните се соочуваат со економска криза и високи цени, луѓе блиски до власта отвораат компании преку ноќ и добиваат јавни тендери вредни стотици илјади евра.

ДУИ бара од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство веднаш да отворат постапка и да истражат дали зад овој тендер стои организирана шема за извлекување на јавни пари.

Граѓаните заслужуваат институции, а не партиски и семејни каси. – стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити…

Како семејниот клан на Изет Меџити го…

ДУИ објави договор: Бараат итна истрага за…

Денес објавуваме еден од договорите што јасно…

Османи од Брисел: „Европскиот пат е блокиран,…

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар…

ДУИ: Коруптивната мрежа со компанијата блиска до…

Демократската унија за интеграција соопштува дека Бурим…

ВРЕДИ: ДУИ се заглавени во минатото и…

Коалицијата ВЛЕН излезе со остри обвинувања кон…