Османи од Брисел: „Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива“
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи реализирал дводневна работна посета на Брисел, каде одржува средби со високи претставници на европските институции и на Европскиот парламент. Првиот ден, како што велат од ДУИ, започнал со средби со Емануел Жиофре, Директор за Европа во Европската служба за надворешна акција (EEAS), и Валентина Суперти, Директорка за Западен Балкан во DG NEAR на Европската комисија, како и со европратениците Лукас Мандл (AFET) и Илхан Кјучјук, поранешен известувач за Северна Македонија.
-Денес, во вториот ден, Османи продолжува со густа институционална агенда. Утрото започна со средба со Андреја Вихер Вајт и Адел Марсуло од кабинетот на Комесарката за проширување Марта Кос.
Следуваат посебни средби во Европскиот парламент со европратениците Владимир Пребилич, Тис Ројтен и Матијаж Немец.
Во сите разговори доминираа две прашања: сериозната загриженост за рушењето на Охридскиот мировен договор како столб на соживот и меѓуетничката стабилност, информираат од неговата партија.
Османи алармирал дека се реализира подготвен и организиран план за поништување на мировниот договор — план кој веќе ги урна неговите главни столбови, оставајќи вакуум кој создава сериозна непредвидливост и кој лесно може да биде злоупотребен од трети страни.
-Тој исто така зборуваше за итната потреба за надминување на блокадата во процесот на европска интеграција, особено земајќи го предвид моментумот на проширувањето и напредокот постигнат од Црна Гора и Албанија.
Османи нагласи дека внатрешната и надворешната интеграција бараат храбри одлуки внатре во земјата, но и јасна и постојана посветеност од европските партнери, стои во соопштението од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…