ЕВН откри кражба на струја за копање биткоини, штетата е 16 милиони денари

t

ЕВН Електродистрибуција соопшти дека со наод на вешто лице и извршено пребарување во деловен објект, утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница. Oттаму информираат дека тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје.

Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција.

Се работи за деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини.

„Направен е записник за неовластено користење, изготвен е наод и мислење од овластено вешто лице и поднесена е пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ. Изготвена е фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари“, стои во објавата на Електродистрибуција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕВН откри кражба на струја за копање…

ЕВН Електродистрибуција соопшти дека со наод на…

Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…

Кавадарчани краделе клупа поставена од општината, полицијата…

Вчера во 22:00 часот, полициски службеници од…

Без струја делови од Гази Баба и…

Регионалниот центар за управување со кризи на…

Уапсен полицаец, oсомничен е дека со уште…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…