Објавено на:

Европејците му порача на Рама: Ароганцијата не е лидерство

t

Европската демократска партија (ЕДП), групацијата во Европскиот парламент којашто ги обединува демократските партии во Европа ја осуди изјавата на албанскиот премиер Еди Рама во којашто тој им потрачува на граѓаните на масовните протести во Тирана – „еб.е се“.

ЕДП укажува декја во своето интервју за „Фајненшл тајмс“, Еди Рама им одговори на граѓаните што протестираа поради одморалиштето поврзано со Кушнер со обвинувања, отклонување и презир.

„Нарекувањето на плоштадот странска завера или одговарањето со „јеби се“ на оние што бараат одговори, не е лидерство. Кога луѓето прашуваат за заштитено земјиште, перење пари и моќ, демократијата бара почит. Плоштадот мора да се слушне, а не да се навредува. Албанија заслужува транспарентност, а не ароганција“, му порачаа од ЕДП на Рама.

Синоќа во Тирана, 24-тиот ден од протестот граѓаните испратија порака што ниедна партија не може да ја игнорира. Слоганите беа насочени кон Еди Рама и неговата влада, но и кон опозицијата што многу граѓани повеќе не ја гледаат како алтернатива.

„Ова е поголемо од еден лидер. Тоа е отфрлање на политичка рамка што не успеа да обезбеди просперитет, транспарентност и доверба. Албанија заслужува демократска обнова, а не уште еден затворен договор меѓу исцрпени елити. Улиците бараат да се продолжи понатаму“, оценуваат од Европската демократска партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европејците му порача на Рама: Ароганцијата не…

Европската демократска партија (ЕДП), групацијата во Европскиот…

Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу…

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска,…

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната…

РКЕ најавува промени: Можно проширување на евтината…

Регулаторната комисија за енергетика размислува за значајни…

ЕУ ја исплати првата транша од новиот…

Европската Унија ја исплати првата транша од…