Европската комисија ги препознава конкретните резултати од реформите во правосудството
Извештајот на Европската комисија за 2026 година нотира позитивни достигнувања во правосудството и го препознава напредокот во унапредувањето на законската и институционалната рамка во согласност со европските стандарди.
Меѓу позначајните достигнувања се напредокот во спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудството 2024–2028, донесувањето на новиот Закон за Судскиот совет, кој во голема мера ги адресира препораките на Венецијанската комисија, како и донесувањето на новиот Закон за Советот на јавните обвинители.
Во Извештајот се нотираат и донесувањето на законите за платите на судиите и јавните обвинители, новиот Закон за парничната постапка, напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото, како и општата усогласеност на законската рамка за основните права со европските стандарди.
За Министерството за правда, овие оценки претставуваат потврда за постигнатите резултати, но и дополнителна обврска за продолжување на реформите. Особено внимание во наредниот период ќе биде посветено на доследната примена на законските решенија и исполнувањето на препораките на Европската комисија.
Министерството нагласува дека вистинскиот успех на реформите не се мери само преку донесените закони, туку и преку нивното влијание врз функционирањето на институциите и остварувањето на правата на граѓаните.
Целта останува изградба на независен, професионален, транспарентен и ефикасен правосуден систем, во кој законот важи подеднакво за сите, а довербата на граѓаните се гради преку конкретни резултати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По затварањето на Алта банка во Србија…
Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…
Брнабиќ контра Вучиќ „Најтешко ми паѓа што…
Нејзината изјава доаѓа во период на политички…
Трамп призна дека војната со Иран придонела…
Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со…
Хакери се обиделе да ги уништат резервите…
Француските власти истражуваат кибернапад врз неколку регионални…
Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни…