Екоавтобусите ќе стигнат до декември, за месец и пол камен-темелник на новиот лунапарк
Најголем дел од 100. електрични автобуси што ќе ги набави Владата ќе пристигнат до крајот на годинава, најави денеска скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на советничко прашање.
Тој воедно се пофали дека утринава добиле писмо од ЕБОР со кое и официјално се откочува проектот БРТ, во рамките на кој, како што кажа, ќе бидат набавени уште 30 автобуси.
– Она што нам ни следува како обврска и треба да го испорачаме е да формираме проектна единица за многу скоро време и да направиме измена во планот за јавни набавки. Освен овие 100 автобуси, кои треба да ги испорача Владата за Градот Скопје, ќе има уште најмалку 30 автобуси што, преку проектот БР, ќе бидат дополнително обезбедени од Градот Скопје и за брзо време ќе ја започнеме тендерската постапка – истакна Ѓорѓиевски.
Воедно, тој додаде дека во последните 10-12 години, во Град Скопје биле набавени само шест автобуси, и тоа во вредност од 10 милиони евра, додека 30 електрични автобуси, кои ќе бидат набавени сега, ќе чинат 30 милиони евра.
Освен тоа, Ѓорѓиевски информираше и тоа дека е во финална фаза тендерската постапка за новиот лунапарк и дека за 30 до 40 дена ќе започнат градежните активности, доколку сè оди како што треба. Притоа, истакна дека кај одредени реквизити што биле порано набавени било утврдено дека не го задоволуваат квалитетот и биле со сомнително потекло, како што оценила комисијата што била формирана.
– Правен тим работи на Градот да му се вратат средствата дадени за овие реквизити – нагласи Ѓорѓиевски, додавајќи дека ќе се уриваат и дискотеките во Градскиот парк за да може да се реализира изградбата на новиот лунапарк.
Меѓу другото, тој обелодени и дека се отстранети близу 800 лица од јавните претпријатија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екоавтобусите ќе стигнат до декември, за месец…
Најголем дел од 100. електрични автобуси што…
Гаши, Милошоски, Митрески, Перински, Андоновски, Јанушев на…
Претседателот на Собранието Африм Гаши, неговите заменици…
Итно прилагодување или високи казни: новиот закон…
Со најавеното стапување во сила на Законот…
(Видео) Ромската заедница против системот за Безбеден…
Граѓани од ромска националност вчера и денеска…
EES-системот се воведува без одложување, целосна примена…
Од 10 април 2026 година, патниците од…