(Видео) Ромската заедница против системот за Безбеден град – и денес блокада на патиштата на многу градови во државата
Граѓани од ромска националност вчера и денеска ги блокираа патиштата во повеќе градови, како што се: Кичево, Струмица, Штип, Кочани, Шуто оризари, но и главниот пат од Битола кон Преспа. Тие се против воведувањето на системот „Безбеден град“ откако полицијата почна строги проверки, казни и одземање возила за лицата без возачка дозвола. Жителите на некои ромски населби тврдат дека се дискриминирани, бидејќи тврдат дека многу од нив немаат завршено образование и затоа немаат услови да аплицираат за полагање на возачка дозвола.
„Мора да мислат дека ние сме нивниот клуч, ако не го отстраниме ова, ќе излегуваме секој ден 24 часа, ќе бидеме активни. Цела Македонија нема да има мир од Тошковски. Она што го може да не може да биде за добро тука за лошо за него“, велат демонстрантите
„Сакаме државата да го отстрани законот затоа што многу луѓе останаа без леб, без храна, без пијалак, без можност да ги праќаат своите деца на училиште, па ова е катастрофа, ова е голема катастрофа. Сакаме да се врати стариот закон, или ако не се врати стариот закон, да ни се овозможи да ги положиме тестовите затоа што знаат дека ние Ромите не сме образовани“, вели друг демонстрант.
Премиер Христијан Мицкоски побара од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, брзо да реагира на секоја закана за редот и безбедноста, за да не се повтори вчерашната „катастрофа“ како што рече тој.
„Утрово разговарав со министерот за внатрешни работи и она што го замолив е секој што го прекршил законот, упатувал закани, се заканувал на јавноста и го загрозувал редот и безбедноста на граѓаните, да има остар одговор. И јас ќе имам остар одговор за да не се повтори вчерашниот напад“, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Инцидентите предизвикаа низа реакции на социјалните мрежи. Граѓаните бараат законите да важат за сите и повеќе да не возиме со нерегистрирани автомобили и возачи без возачка дозвола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…