Екс премиерот Ковачевски стана претседател на невладина организација РЕФОРМ 5, првиот настан ќе го одржи денеска

t

Со настанот „Future Shift; Економија, технологија, млади“, денеска ќе биде промовиран стартот на работата на РЕФОРМ5 – Платформа за економска и технолошка трансформација, чиј претседател е поранешниот премиер на Македонија, Димитар Ковачевски.

Настанот ќе се одржи на 22 јуни 2026 година (понеделник), со почеток во 18:00 часот, во EU House Skopje, а на него ќе бидат презентирани анализи и истражувања поврзани со економскиот развој, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и предизвиците со кои се соочуваат младите во Република Северна Македонија.

Агенда;

Проф. д-р Димитар Ковачевски– воведно излагање за РЕФОРМ5 и презентација на активностите на платформата;
Проф. д-р Игор Бимбиловски – осврт на четири меѓународни индекси за дигитална зрелост и иновативност и позицијата на Северна Македонија;
М-р Ристе Костовски – анализа на Индексот за подготвеност за вештачка интелигенција и рангирањето на регионите во светот;
Милош Јованов, истражувач на јавното мислење – презентација на истражување за ставовите на младите во Република Северна Македонија;
Проф. д-р Софија Георгиевска – презентација на истражување на тема „Млади и ментално здравје – колку сме респонзивни на потребите на младите“.

РЕФОРМ5 е непрофитна, невладина организација основана со цел да придонесе кон економскиот, технолошкиот и институционалниот развој на Република Северна Македонија. Активностите на организацијата се усогласени со клучните политики на Европската Унија, вклучувајќи ги агендите за конкурентност и слободен пазар, дигитална трансформација, зелена транзиција и развој на човечкиот капитал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс премиерот Ковачевски стана претседател на невладина…

Со настанот „Future Shift; Економија, технологија, млади“,…

Тренчевска: Нема ништо од ветувањата на ВМРО…

По две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, животниот…

Кина им испрати порака на Америка и…

Пакистан и Катар објавија значителен напредок во…

ЗАЈАЧКАТА РИБА стана кошмар за Грците

Грција ветува парични и материјални награди за…

Во Кочани изложба на фудбалски дресови посветена…

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во…