Епископот Партениј служеше архиерејска Литургија во древниот Манастир кај Долни Дримкол

t

Во древното светилиште посветено на светиот архангел Гаврил, во месноста Манастирец во Долни Дримкол, кое е метох на Бигорскиот манастир, беше отслужена света архиерејска Литургија по повод празникот Собор на светиот архангел Гаврил.

Литургијата се одржа меѓу остатоците од некогашниот манастирски храм, а со неа чиноначалствуваше епископот Антаниски Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, во сослужение со свештенослужители од Бигорското братство, како и со протопрезвитерот Александар Димовски, отец Љупчо Симиџиоски од Охрид и отец Миле Ангелкоски од Дебар.

На богослужбата присуствуваа бројни верници од повеќе краишта на земјата, кои се собраа во древниот Манастирец за заедничка молитва и одбележување на празникот.

Во својата беседа, епископот Партениј истакна дека вистинскиот храм не се само ѕидовите, туку пред сè човечките срца исполнети со вера, покајание, благодарност и љубов. Тој нагласи дека и местата кои со текот на времето биле разрушени можат повторно да оживеат преку литургискиот живот и молитвата.

По завршувањето на светата Литургија беше организирана културно-уметничка програма во која настапија членовите на ансамблот „Свети Јоаникиј Ракотински“ од Скопје, кои со песни и ора придонесоа за празничната атмосфера.

Организаторите упатија благодарност до сите добротвори, спонзори, свештенослужители, учесници и верници кои придонеле за одбележувањето на празникот и за продолжување на духовниот живот во древниот Манастирец, кој и денес останува значајно место за молитва и собирање на верниот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епископот Партениј служеше архиерејска Литургија во древниот…

Во древното светилиште посветено на светиот архангел…

21-годишен штипјанец паднал од автомобил во движење,…

Дваесет и едногодишен жител на Штип се…

Запленети 2,6 тони кокаин вреден 500 милиони…

Италијанската финансиска полиција соопшти дека запленила повеќе…

Зеленски се правда: Ги сменив Федоров и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се…

Турција испраќа ловци Ф-16 во мисијата на…

Воздухопловните сили на Турција повторно ќе учествуваат…