Објавено на:

Ердоган го обвини Израел: Се обидуваат да го уништат договорот меѓу САД и Иран

t

Турција внимателно ги следи обидите на Израел да го наруши преговарачкиот процес меѓу САД и Иран, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција во Истанбул по разговорите со пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф.

„Благодарение на договорот (на САД и Иран), кој беше овозможен благодарение на напорите на Пакистан, светот можеше да воздивне со олеснување. Извештаите на меѓународните медиуми во последните денови ги истакнуваат тешкотиите со кои се соочуваат страните во овој преговарачки процес“, рече Ердоган.

Тој истакна, пренесува ТРТ Хабер, дека Турција продолжува да го поддржува секој чекор што помага во намалувањето на тензиите и решавањето на проблемите преку дипломатија во тој регион.

„Внимателно ги следиме провокациите на израелската администрација насочени кон поткопување на договорот. Ционистичките милитанти, кои го поврзуваат својот политички опстанок со континуирани конфликти во регионот, во моментов се особено активни во Либан и Сирија“, нагласи Ердоган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган го обвини Израел: Се обидуваат да…

Турција внимателно ги следи обидите на Израел…

Ердоган: Турција мора да биде вклучена во…

Турција мора да биде вклучена во сите…

Група белгиски Евреи бараат санкции за Израел

Група белгиски Евреи ги повикаа белгиските и…

Израелците против прекин на огнот: Либан треба…

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир,…

Ердоган: За првпат извезуваме воен брод во…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, објави…