Објавено на:

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа за постигнување праведен и траен мир во Украина

t

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои уште многу работа пред да се постигне праведен и траен мир во Украина.

– Сите посакуваме наскоро да биде постигнат мировен договор, но претстои уште многу работа за да се стигне до тоа – предупреди портпаролката на Европската комиси комисија Паула Пињо во пресрет на средбата меѓу Москва и Киев, која со посредство на САД треба да се одржи следната недела во Абу Даби.

Преговорите меѓу руската и украинската страна се закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби, со цел да се изнајде решение за конфликтот.

Вчера во Брисел се одржаа разговори меѓу претставници на НАТО, САД, Украина, Европската Унија и неколку европски земји, кои „имаа цел да придонесат за постигнување праведен и траен крај на војната во Украина“, изјави портпаролката на НАТО Алисон Харт.

Во овој контекст, американскиот претседател Доналд Трамп најави склучување претстоен „многу голем“ договор со Русија за Украина, додавајќи дека тој „би можел да ја опфати цела Европа“.

– Се подразбира дека Европската Унија е таа што треба да носи одлуки за прашањата што се однесуваат на нејзината сопствена безбедност – нагласи портпаролката на Европската комисија.

Зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер, во својство на специјален пратеник, во објава на социјалната мрежа Икс појасни дека целта е да се постигне „поширока европска безбедносна архитектура, која би можела да помогне во создавањето услови за траен мир“.

Терминот „европска безбедносна архитектура“ со години е една од клучните теми во реториката на Кремљ.

Кушнер сепак изјави дека НАТО ќе остане „во основата на европската колективна одбрана“. Тој увери дека иницијативата предложена од претседателот Трамп ќе се темели на постојните институции и преземени обврски.

„Нашата цел е да воспоставиме конкретни механизми што ќе одговорат на безбедносните загрижености на сите страни, ќе го намалат ризикот од идни конфликти и ќе создадат постабилна и попредвидлива безбедносна средина“, заклучи Кушнер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…

Италија планира да ги казнува возачите кои…

Италија набрзо би можела да ги санкционира…

Мирен протест против насилството по убиството на…

Мирен протест се одржува вечерва во паркот…

Хакиран мејлот на министерот за здравство на…

Необична честитка за неговиот роденден добил министерот…