Објавено на:

ЕУ им постави ултиматум на пет држави поради „златните пасоши“

t

Европската Унија им постави ултиматум на пет карипски држави кои нудат државјанство во замена за инвестиции, барајќи до 2028 година да ги укинат програмите за таканаречените „златни пасоши“. Во спротивно, нивните граѓани би можеле да го изгубат правото на безвизно патување во Шенген-зоната.

Станува збор за Антигва и Барбуда, Доминика, Гренада, Света Луција и Сент Китс и Невис, чии влади веќе најавија заеднички одговор и разговори со Брисел.

Овие програми им овозможуваат на странски инвеститори да добијат државјанство со вложување во економијата на земјата, најчесто преку купување недвижности или уплата во државни фондови. Цената на таков пасош започнува од околу 200.000 американски долари.

Од Европската Унија сметаат дека проблемот повеќе не се само безбедносните проверки, туку и самиот концепт на продажба на државјанство. Од друга страна, властите во погодените земји предупредуваат дека овие програми претставуваат значаен извор на приходи и дека нивното укинување би имало сериозни економски последици.

Преговорите меѓу Брисел и карипските држави треба да покажат дали ќе биде постигнат компромис или ЕУ ќе ја спроведе најавената мерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ им постави ултиматум на пет држави…

Европската Унија им постави ултиматум на пет…

Сигнал до Иран и САД: Пакистан, Турција…

Пакистан, Турција и Саудиска Арабија потпишаа пакт…

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека…

Вучиќ му организираше вечера на Зеленски, разговараат…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во својата…

(Видео) Бунт во затворите во Шри Ланка,…

Насилство избувна во затворите во Шри Ланка,…