ЕХФ ги избриша најдобрите македонски судии од ЕП 2026 и ги обвини за манипулација!
Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука да ја повлече номинацијата на македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски за Европското првенство во машка конкуренција 2026, кое ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.
Со оваа одлука, судискиот пар од Македонија нема да патува на завршниот турнир, а причината е поврзана со процесот на задолжителните физички проверки што се дел од подготовките за секое големо натпреварување под капата на ЕХФ. Како дел од стандардната процедура, сите судиски парови се обврзани да поминат кондициски тренинзи и фитнес-тестирања, чија цел е да се потврди физичката подготвеност и усогласеноста со високите перформансни стандарди на европските шампионати.
Во рамките на тој процес, судиите мора да достават две видео-снимки од таканаречениот „Мултистејџ фитнес тест“ – една осум недели и една четири недели пред почетокот на првенството. Видео-материјалите ги оценува официјалниот фитнес-партнер на ЕХФ, Fitgood Pro, а по доставувањето на снимките од страна на Николов и Начевски, кон крајот на декември ЕХФ била известена дека постојат сомнежи оти видеата можеби биле изменети и дека не го прикажуваат тестот во неговата целосна и автентична форма.
По дополнителна експертска анализа од Fitgood Pro, материјалот бил проследен и до Sportradar, партнерот на ЕХФ задолжен за интегритет и безбедност. Според резултатите од деталната истрага, утврдено е дека постои висок степен на веројатност дека видео-снимките биле манипулирани. Врз основа на овие наоди, и со цел да се заштити интегритетот и кредибилитетот на ЕХФ ЕУРО 2026, Европската ракометна федерација, по внатрешни консултации и во координација со организацискиот тим на првенството, донесе одлука да ја повлече номинацијата на македонскиот судиски пар.
Oд ЕХФ информираат дека за Европското првенство ќе бидат ангажирани 17 судиски парови, а функционирањето на судискиот систем на турнирот нема да биде нарушено. Случајот ќе биде предмет на понатамошна истрага, а Европската ракометна федерација го задржува правото, доколку тоа го наложат околностите, да покрене и правни постапки пред своите надлежни тела.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕХФ ги избриша најдобрите македонски судии од…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука да…
ЕХФ се огласи за натпреварот Алкалоид –…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) во вторникот соопшти…
ЕХФ ги осуди расистичките скандирања на хрватските…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти денеска дека…
Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите
Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…
Начевски и Николов ќе судат уште едно…
Македонската судиска двојка доби нова задача на…