ЕХФ ги осуди расистичките скандирања на хрватските навивачи
Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти денеска дека е запозната со изјавите на играчите на француската репрезентација, кои наведоа дека биле цел на расистичките навреди од трибините за време на вчерашниот натпревар во Келн против Хрватска во рамки на главната фаза на Европското првенство, остро осудувајќи ги, притоа, сите облици на расизам, дискриминација и нетолеранција.
„Однесувањето кое дискриминира или расистички навредува кон кои било играчи, официјални лица или гледачи не се толерира на ниту еден натпревар во организација на ЕХФ. На таквото однесување нема место во европскиот ракомет. Конкретните навивачи во четвртокот беа идентификувани и отстранети од трибините од обезбедувањето“, се наведува во соопштението.
Во него се додава дека за инцидентот за време на дуелот меѓу Хрватска Франција дополнително ќе се разговара меѓу ЕХФ и Ракометната федерација на Германија со цел да бидат преземени сите мерки тоа да не се повтори.
Исто така ќе се разговара и за хрватската делегација на Европското првенство, со посебен акцент на одговорноста за однесувањето на хрватските навивачи на натпреварите во рамки на континеталниот собир чиј домаќин е Германија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…
Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…
Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…