Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори!
„Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше. Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“. Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага. Опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак да бидеме алиби за распишување избори. Мицкоски сака да ги распише изборите предвреме за да ја скрие празната државна каса која ја испразнија со грабеж преку тендери. Но и неисполнетите ветувања пред граѓаните, катастрофалната економска состојба, растечката сиромаштија“ рече на денешната прес-конференција Андреј Жерновски – секретар за меѓународна соработка во СДСМ.
Според него „Вистината е едноставна: пари нема, резултати нема, а лагите на Мицкоски повеќе не поминуваат. После 2 години власт на Мицкоски, Македонија се соочува со сериозни економски проблеми. Граѓаните живеат полошо, животниот стандард е понизок. Во секоја област е полошо. Платите се не го следат растот на цените. Животот станува сè поскап, сиромаштијата е зголемена за 22%. Странските инвестиции бележат драматичен пад од над 60%, а економијата оди надолу. Земјоделците се оставени сами, субвенциите им се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46%, најважната гранка за производство на храна – земјоделието е во целосен хаос. Младите масовно ја напуштаат државата затоа што не гледаат перспектива“.
„Поддршката за Владата опаѓа, граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од нејзините неуспеси, а разочарувањето расте. Колку повеќе растат цените, толку повеќе паѓа довербата во Мицкоски. Следна причина е најавата за можни избори и во Србија и ова уште едно копи-пасте сценарио. Падна Орбан, како што предупредувавме. А по Орбан, следува Вучиќ, па Мицкоски. Тоа е редоследот. Криминалната организација паѓа. Паѓаат како домино. ВМРО и Мицкоски објавија нови нарачани резултати од анкети. Исто како што Орбан објавуваше анкети во Унгарија – а сите знаеме каков беше резултатот на крај. Кога нема резултати, се фалат со лажни бројки. Ист принцип, исто школо.
Избори ќе има, бидејќи Мицкоски веќе го смислил сценариото, но нема да може да се спаси себеси и својата банда која ја опустоши државата“ рече Жерновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа…
„Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше. Откако…
СДСМ: Опозицијата нема да биде алиби за…
Соопштение за јавност Опозицијата нема да му…
СДСМ најавува зголемување на пензиите до 50…
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната…
ЗНАМ: Конгресот на СДСМ – политичко дежа…
Конгресот на СДСМ беше претставен како нов…
СДСМ: „10 милијарди евра за 10 години”…
Владата на Мицкоски објави „10 милијарди евра…