СДСМ најавува зголемување на пензиите до 50 проценти во еден мандат

t

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција порача дека граѓаните се соочуваат со сè потежок животен стандард, додека Владата, според неа, не нуди соодветни мерки за справување со економската криза.

Претставувајќи дел од програмата „Твоја држава, твоја шанса“, Тренчевска истакна дека СДСМ предлага автоматско усогласување на минималната плата со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата, со цел растот на цените да биде проследен со раст на примањата.

Таа посочи дека партијата се залага и за принцип според кој повисокиот профит на компаниите треба да значи и повисоки плати за работниците, како и за државна поддршка за фирмите што ќе ги зголемуваат платите преку намалување на данокот на добивка или субвенционирање на придонесите.

Во однос на пензионерите, Тренчевска најави дека СДСМ предвидува зголемување на пензиите до 50 проценти во текот на еден мандат, со цел обезбедување достоинствен живот за повозрасните граѓани.

Меѓу предложените мерки се и признавање на студентскиот стаж, поголема заштита на хонорарците и сезонските работници, воведување дигитален пасош за работникот, како и додаток за домување и покривање на трошоците за градинка за самохраните родители.

„Достоинствениот живот не е привилегија. Тој е право“, порача Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…