Жители против нови градби во Тетово: Стравуваат дека зградата ќе ја затвори улицата и ќе им ги блокира прозорците
Жителите на околу 100 станови од трите згради во Тетово се жалат на усвоениот Детален урбанистички план од страна на општината, кој, според нив, овозможува изградба на нова зграда. Нивната загриженост е дека ако се изгради новиот објект, единствениот пристапен пат за возила ќе биде затворен.
„Нашата улица беше оваа што ја гледате зад мене. Така нормално влегувавме, како што треба, и можеше да помине секое возило – било тоа брза помош, противпожарно, камион со дрва или погребно возило. Сега тоа повеќе не е можно поради изградбата на овој објект зад мене, каде што сакаат зградата да ја спојат со оваа. Значи, сакаат да направат еден вид ‘залепен’ комплекс“, вели Благоја Мирчевски, жител.
Жителите исто така се жалат дека ако се реализира новата градба до нивната зграда, ќе им ги блокира прозорците од другата страна на објектот. Велат дека промената на урбанистичкиот план не е направена на транспарентен начин и бараат правда.
„Со стариот план, улицата беше предвидена и имаше име, ние го имаме тој план. Додека со новиот план, нешто е променето, нешто ‘залепено’, и тоа може да се поправи за да се врати како што беше“, вели Благоја Мирчевски, жител.
Жителите велат дека се обратиле и до Општината, но не добиле одговор. За ТВ21, од Општина Тетово изјавија дека урбанистичкиот план е усвоен со сите процедури и дека сите станбени објекти ќе имаат улица, зелени површини и паркинг.
„Со новоусвоениот ДУП … е утврдено сите градежни парцели да имаат посебен пристап до патниот сообраќај. Површината … има три пристапни улици од улицата ‘180’, а во внатрешноста на блокот се планирани сообраќајници, инфраструктура, паркинг места, подземни гаражи со засолништа и зеленило“, велат од Општина Тетово.
Покрај тоа, жителите се загрижени дека градежните работи што треба да започнат може да ги оштетат и засолништата што се наоѓаат веднаш пред нивната зграда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жители против нови градби во Тетово: Стравуваат…
Жителите на околу 100 станови од трите…
ЕУ постигна договор за поврзување на Киев…
Украина ќе биде поврзана со Европскиот фонд…
Цеца им се извини на фановите од…
Познатата фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ по скандалот со…
Напаѓачите на српските играорци во Сплит одат…
Истражниот судија на Сплитскиот окружен суд им…
Сведочење за „Онкологија 2“: „Mолевме по луѓе…
Со сослушување на сведоци во Основниот кривичен…