Напаѓачите на српските играорци во Сплит одат во притвор

t

Истражниот судија на Сплитскиот окружен суд им одреди притвор на тројца мажи претходно осомничени за насилно однесување кон српски фолклорни играорци во Блатине, Сплит

Од судот било заклучено дека тие би можеле да се обидат да влијаат врз сведоците, како и да го повторат кривичното дело за кое се товарат.

Одбраната, како што за Индекс.хр изјавил адвокатот Тони Маринковиќ, кој застапува еден од уапсените, дека ќе поднесе жалба. Тие сметаат дека одлуката на судот е неоправдана бидејќи обвинетите не ги познаваат сведоците, ниту пак постои можност да ги контактираат.

Покрај тоа, тие се убедени дека нема опасност од повторување на кривичното дело бидејќи станува збор за луѓе кои досега не се осудени.

„Тие сега нема да шетаат низ градот барајќи членови на српското малцинство за да се закануваат“, коментираат адвокатите. Конечната одлука ќе ја донесе вонсудскиот совет на Сплитскиот жупански суд.

Обвинетите се соочуваат со затворска казна од шест месеци до пет години за кривичното дело насилно однесување сторено од омраза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче од јахтата на Заев откри „нова…

Денес од одмор на јахтата на Заев…

Русија побара објаснување од САД и Турција…

Русија побара од Вашингтон и Анкара да…

(Видео) Се појавија и снимки од скокачите…

На социјалните мрежи масовно се споделува видео…

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот…

Безживотни тела на две лица биле пронајдени…

(Видео) Карамбол пред полициската станица во Кочани:…

Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници…