Жичарата нема да работи цело лето
Жичницата на Водно нема да работи во текот на целото лето откако инспекциски надзор открил сериозни технички проблеми што претставуваат ризик за безбедноста, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за сдк.мк.
Според него, системот со години не бил целосно сервисиран од производителот „Допелмаер“, што довело до истрошени делови, неисправни сензори и можело да се случи да се откачи гондола.
Жичницата била привремено затворена на 25 април, но по дополнителните проверки било одлучено да остане надвор од функција додека не се изврши целосна поправка.
Од ЈСП „Скопје“ очекуваат понуда за комплетно сервисирање од австриската компанија, но засега не е познато кога повторно ќе биде пуштена во употреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жичарата нема да работи цело лето
Жичницата на Водно нема да работи во…
Припадници на АРМ спасиле маж и жена:…
Вчера, 07.05.2026 година, околу 14:00 часот патрола…
Иран ја побива ЦИА, се фали дека…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
(Видео) Пентагон објави први доверливи досиеја за…
Министерството за одбрана на САД денеска објави…
Лукровски е на боледување, не поднел оставка
Општина Карпош демантира дека градоначалникот Сотир Лукровски…