Жичарата нема да работи цело лето

t

Жичницата на Водно нема да работи во текот на целото лето откако инспекциски надзор открил сериозни технички проблеми што претставуваат ризик за безбедноста, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за сдк.мк.

Според него, системот со години не бил целосно сервисиран од производителот „Допелмаер“, што довело до истрошени делови, неисправни сензори и можело да се случи да се откачи гондола.

Жичницата била привремено затворена на 25 април, но по дополнителните проверки било одлучено да остане надвор од функција додека не се изврши целосна поправка.

Од ЈСП „Скопје“ очекуваат понуда за комплетно сервисирање од австриската компанија, но засега не е познато кога повторно ќе биде пуштена во употреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убедлива победа на АфД во Саксонија Анхалт…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) оствари убедлива победа на покраинските…

Брка мигранти, пушта бомби од Вселената, а…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е особено…

Јамајка поднесува петиција до кралот Чарлс за…

Јамајканската влада во понеделник ќе му поднесе…

Избија два нови пожари во Ѓорче Петров…

Тешка ноќ е пред скопските пожарникари, бидејќи…

Трамп е решен да ја заврши војната…

Американскиот претседател Доналд Трамп е решен да…