За 24 часа приведени 16 возачи, едниот имал 2,45 промили алкохол во крвта
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 11 управувале возило без возачка дозвола, четворица биле под дејство на алкохол, а едно лице управувало возило под дејство на алкохол и покрај тоа што имало активна забрана за управување.
Возачи од Скопје, Куманово, Гостивар, Кривогаштани и Кочани биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола, додека возачи од Виница и Кочани управувале мопеди иако не поседувале соодветна возачка дозвола.
Под дејство на алкохол бил затекнат возач од Македонска Каменица, додека возач од Општина Дебарца, кај кого биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта, предизвикал и сообраќајна незгода, удирајќи во бетонска жардињера. Кај возач на мотоцикл од Кавадарци биле измерени 2,03 промили алкохол во крвта, а кај возач на мопед од Кочани 1,88 промили алкохол во крвта.
Исто така, кај едно лице од Прилеп, кое управувало возило под дејство на алкохол и кај кое биле измерени 2,45 промили алкохол во крвта, при извршените проверки било утврдено дека има активна забрана за управување со моторно возило. По целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена мерка забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 24 часа приведени 16 возачи, едниот…
Во текот на изминатото деноноќие, на целата…
Зеленски предупредува од можно интензивирање на руските…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги предупреди…
Мерц бара намалување на буџетот на Европската…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц побара намалување на…
46-годишен скопјанец пријавил дека сопругата го натепала
Скопјанец бил физички нападнат од сопругата, а…
Минималната синдикална кошница 68.854 денари во јуни
Најмалку 68.654 денари се потребни за едно…