За сите брачни парови кои досега не се венчале во црква: Бесплатна групна венчавка во Кавадарци
Повардарската епархија и годинава организира бесплатни групни венчавки за брачни парови кои досега не го крунисале својот брак пред Бога.
Групната венчавка ќе се одржи во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци, во недела, 15 ноември 2026 година, со почеток во 12:00 часот.
Од Повардарската епархија информираат дека организирањето на групните венчавки е благословено од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, со цел брачните парови кои досега не ја примиле Светата Тајна Брак да можат да го направат овој чекор.
Заинтересираните брачни парови можат да се пријават во храмовите „Св. вмч. Димитриј“ и „Св. Петка“ во Кавадарци, како и на телефонскиот број 070/392-022.
Лице за контакт е протоереј Саше Ристов.
Од Повардарската епархија упатуваат порака до семејствата, со молитва за љубов, мир и единство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За сите брачни парови кои досега не…
Повардарската епархија и годинава организира бесплатни групни…
Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот…
Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на престојот…
НОВ СИСТЕМ ВО СКОПЈЕ: Камери ќе снимаат…
Град Скопје е во завршна фаза од…
Трамп го покани Путин во Мајами
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, потврди…
Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…