Започна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје

t

Денеска официјално започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар. Оваа процедура нема да има никакво влијание за одвивањето на авиосообраќајот, информираат од М-НАВ.

-По одржаниот Kick-off состанок со тимот на Леонардо и домашните компании ангажирани како подизведувачи, кој се одржа на 01.12.2025 година, денес официјално започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар, велат од М-НАВ.

Оттаму посочуваат дека оваа фаза претставува значаен чекор во рамки на проектот за модернизација на системите за надзор на воздушниот сообраќај.

-Процесот се реализира со висок степен на координација и професионална посветеност, при што посебно се истакнува напорното залагање, ангажманот и експертизата на стручниот и технички персонал, кој има клучна улога во реализацијата на ваков комплексен проект, се наведува во соопштението.

По завршувањето на демонтажата, како што информираат од М-НАВ, ќе следуваат дополнителни градежни активности за поставување на новата конструкција, како и инсталација на новиот современ Мод S радар, со што значително ќе се унапреди безбедноста и ефикасноста на управувањето со воздушниот сообраќај.

Согласно предвидената динамика, целосното пуштање на новиот радар во оперативна употреба се очекува во јуни 2026 година.

-Менаџментот, во тесна соработка со Владата на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт, останува цврсто посветен на спроведување и конечно завршување на стратешките проекти, кои од неразбирливи причини со години тапкале во место, со јасна цел – модерна, безбедна и функционална воздухопловна инфраструктура, велат од М-НАВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започна демонтажа на стариот радар на Меѓународниот…

Денеска официјално започна процесот на демонтажа на…

Ахмети: Денешниот протест не е против Македонија

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на протестот…

(Видео) Скандалозно скандирање на протестот на УЧК…

Денеска на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, се…

Лишени од слобода две лица од Скопје…

На 12.12.2025 година во 19:55 часот, полициски…

Скопскиот аеродром го достигна рекордот од три…

Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска го доби тримилионитиот…