Ахмети: Денешниот протест не е против Македонија
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на протестот што беше организиран во Скопје во поддршка на поранешните лидери на ОВК, изјави дека процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда, бидејќи, како што рече, „сите оние што се зад решетки се обвинети за дела што не ги сториле“, пренесува ТВ21.
Ахмети нагласи дека ОВК не била против ниту еден народ, ниту пак им ја одземала слободата на другите, туку се борела за слободата на својот народ.
„Ние ја посакувавме слободата, но не така што ќе им ја одземеме слободата на другите народи. Нашата војска не била против ниту еден народ, ниту против српскиот народ. Денешниот протест не е насочен против државата Македонија, бидејќи овие што се наоѓаат пред овој суд имаат придонесено за стабилноста и мирот, за иднината на оваа држава, бидејќи биле раководители на важни институции, претседатели, премиери, претседатели на Собранието и со десетици и стотици договори ставиле потпис за една попросперитетна Македонија, која не се плаши од ОВК и од овие луѓе со рани на телото. Тие не се бореле против ниту еден народ“, изјави Али Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…