Затворен патниот правец Удово – Валандово поради излевање на река

t

Патниот правец Удово – Валандово е затворен за сообраќај од утринските часови, од 05:25 часот, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Причина за прекинот на сообраќајот е излевањето на Калковска Река на коловозот, поради што движењето на возилата на оваа делница не е дозволено.

Сообраќајот се пренасочува по алтернативниот патен правец преку селото Марвинци кон Валандово.

Од АМСМ информираат и дека поради појава на магла има намалена видливост до 100 метри на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, поради што се препорачува внимателно управување со возилата.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. На повисоките места се забележуваат остатоци од кашест снег, по извршените интервенции на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворен патниот правец Удово – Валандово поради…

Патниот правец Удово – Валандово е затворен…

Српски државјанин осомничен за тешка сообраќајна несреќа…

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против…

„Се делат пари во Валандово“ – Граѓани…

Граѓани пријавуваат поткуп во Валандово од страна…

„Вадат луѓе на сила, казнуваат фирми“ –…

Читатели на Инфомакс пријавуваат страшен притисок за…

Пронајдени се 13 мигранти во близина на…

Пронајдени се 13 лица мигранти во близина…