Пронајдени се 13 мигранти во близина на Валандово, криумчарот го напуштил возилото кое било во движење

t

Пронајдени се 13 лица мигранти во близина на Валандово, се преземаат мерки за пронаоѓање на криумчарот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава

На 12.09.2025 во 06:35 часот на регионален пат кај место викано „Раскрсница Богданци“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран забележале патничко возило „рено еспејс“ со германски национални ознаки кое се движело кон Валандово и во кое биле превезувани повеќе лица мигранти.

Возачот не застанал на знак за запирање и продолжил со движење, по што кај место викано „Валандовско брдо“ го напуштил возилото и го оставил да се движи при што возилото се превртело. На местото затекнати се 13 лица-мигранти, од кои 11 од Египет и две лица од Турција, кое не биле повредени. По извршена проверка констатирано е дека регистарските таблички на возилото припаѓале на друго возило. Мигранти се пренесени во Прифатно- транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет земји од ЕУ преговараат за центри…

Германија, Австрија, Данска, Холандија и Грција денеска…

Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…

Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…

Санчез ги обвини Русија и Израел за…

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека сè…

Десет турски државјани се обиделе нелегално да…

Околу 00:40 часот по полноќ, полициски службеници…

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои…

Околу 3.800 мигранти кои пристигнаа од Мароко…