Зголемување на платите во полицијата, нови униформи и проверки на интегритетот во МВР

t

Министерот Панче Тошковски најавува реформи во Министерството за внатрешни работи, нови униформи, подобри услови за работа и зголемување на платите на полициските службеници. Најави и дека во иднина ќе има построги механизми за контрола на професионалноста и интегритетот на полициските службеници.

Во гостувањето на „Само вистина“ на телевизија Канал 5, Тошковски оцени дека МВР мора порационално да ги користи човечките ресурси и да ги зајакне оперативните капацитети, посочувајќи дека новата систематизација и Законот за внатрешни работи биле одложени по политичка одлука, по реакциите на опозицијата.

Тој најави дека до крајот на годината полициските службеници ќе добијат нови, модерни униформи, а во иднина се планираат и нови возила, подобри објекти и нов колективен договор.

Во однос на платите, министерот рече дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт имало зголемување, а платите дополнително се усогласуваат согласно годишните законски механизми.

– За професионалците и за оние коишто се столбот на безбедносниот систем во Македонија, во иднина ќе има и зголемување на плати, и нови униформи, и повеќе возила, и подобри услови за работа, и подобри објекти, и нов колективен договор – изјави Тошковски.

Тој се осврна и на потребата од расчистување на состојбите во полицијата, посочувајќи дека ќе има повисоки професионални стандарди и поголема одговорност за службениците кои не ги почитуваат правилата и процедурите.

– Мора да се исчистиме од овие другите. Има и таму луѓе што се корумпирани – рече министерот.

Тошковски нагласи дека боди камерите, кои треба да бидат воведени на територијата на целата држава до средината на 2027 година, ќе придонесат за поголема транспарентност и контрола на полициското постапување.

Во интервјуто тој зборуваше и за борбата против корупцијата, при што наведе дека МВР поднело кривични пријави против поранешни и актуелни функционери, но дека конечниот резултат зависи и од работата на Јавното обвинителство и судовите.

На прашањето дали планира да поднесе оставка по критиките од опозицијата, Тошковски одговори дека нема таква намера и дека останува посветен на работата во МВР.

Призна дека во изминатиот период, особено кога имал здравствени проблеми, на два наврата размислувал да се повлече од функцијата, но дека желбата за подобра Македонија и резултатите од досегашната работа го мотивирале да продолжи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемување на платите во полицијата, нови униформи…

Министерот Панче Тошковски најавува реформи во Министерството…

Лавров: Европа се подготвува за војна

Западот ги откри своите вистински намери откако…

Голема акција на Интерпол во 18 држави:…

Вкупно 65 лица, меѓу кои и осомничени…

Вучиќ најави дека би можел да штрајкува…

Шефот на пратеничката група „Србија победува“, Александар…

Ова е кандидатот за претседател на државата…

Студентските пленуми во Србија го поддржале академик…