Здружение на судии: Поддршка за борба против корупцијата, но без генерализации и сензационализам

t

Здружението на судии на Република Северна Македонија внимателно ги следи настаните поврзани со притварањето на судија од Апелациониот суд во Скопје и изразува јасна поддршка на надлежните институции во борбата против организираниот криминал и корупцијата, вклучително и сузбивањето на корупцијата на највисоко ниво.

„Очекуваме надлежните органи да спроведат темелна, прецизна и транспарентна истрага, во која ќе се утврдат сите релевантни факти и околности, како и евентуалната инволвираност на други лица, доколку таква постои, без селективност и со целосна почит кон законските процедури.

Во случај на докажана корупција, Здружението на судии јасно и недвосмислено се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој со своето незаконско постапување го нарушува угледот и интегритетот на судскиот систем. Таквите појави не смеат и не треба да се поврзуваат со судиите кои чесно, професионално и одговорно ја извршуваат својата функција, а кои претставуваат огромно мнозинство во судството.

Во таа насока, Здружението бара целосно почитување и заштита на угледот и достоинството на чесните судии, како и воздржаност од генерализации кои дополнително ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем. Здружението на судии смета дека ваков принципиелен и одговорен пристап треба да биде применет и кон сите други општествени чинители и функционери кои се склони кон коруптивно однесување, бидејќи токму ваквите појави со години придонесуваат за губење на довербата на граѓаните во институциите и во системот во целина.

Како здружение остануваме посветени на јакнењето на владеењето на правото, независноста и интегритетот на судството, како и враќањето на довербата на граѓаните во правдата и институциите. Напоменуваме дека при секоја постапка мора доследно да се почитува уставното начело на пресумпција на невиност, како еден од темелните принципи на владеењето на правото и правната држава, во овие моменти на граѓаните не им е потребен сензационализам ниту органите на прогон ниту од политичките структури, напротив потребно е да покажеме достоинство, не селективен пристап и отчетност, со целосно почитување на човековите права и Европските вредности кон кои се стремиме како држава“, велат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здружение на судии: Поддршка за борба против…

Здружението на судии на Република Северна Македонија…

Мицкоски во Давос ќе се сретне со…

СДСМ во денешното соопштение обвинува дека премиерот…

Изгореле канцеларии на српското обвинителство каде се…

Неколку простории што беа оштетени во пожарот…

„Стратешко партнерство“: Македонија без покана од Трамп…

Од Владата ни изјавија дека „до овој…

(Видео) Николоски: Сите државни патишта се проодни…

Сите државни патишта се проодни низ цела…