Мицкоски во Давос ќе се сретне со компанија за мигранти
СДСМ во денешното соопштение обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски на Самитот за бизнис и политика Давос 2026 треба да се сретне со претставници на компанија која работи со емигранти.
„Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите?
Информациите кои се доставени до СДСМ потврдуваат дека утре, 22.01.2026 година во Давос е планирана средба на премиерот Христијан Мицкоски со компанија која работи со програми за престој и државјанства, преку различни типови на инвестиции.
Средбата е планирана со почеток во 18.30 часот во Global Citizens House, во Давос, а Владата се уште нема информирано.
Оваа средба, со компанија која работи со програми за престој и државајнства, доаѓа по одлуката за прием на 10.000 „економски работници“, промената на Законот за странци и договорот за кој известија британските медиуми.
Прашуваме, дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…
Бомбени закани над Европа: Три авиони на…
Три патнички авиони на „Рајанер“ (Ryanair), кои…
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…