Објавено на:

Зеленски: Американците и Русите без нас преговараат за целосен прекин на огнот

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека во тек се приватни разговори меѓу Американците и Русите за целосен прекин на огнот, пренесе „Укринформ“.

Со оглед на притисокот врз Русија, постигнувањето такво решение, според него, би можело да биде прашање на следните недели или месеци.

– Во Саудиска Арабија, знаете, се согласивме на безусловен прекин на огнот. Русите се уште не се согласиле на ова. Го гледаме. Иако знаеме дека разговорите меѓу Американците и Русите се во тек на оваа тема. Приватни разговори има, тие се случуваат, рече Зеленски.

На состанокот во Ријад, Украина и САД постигнаа голем број клучни договори, вклучително и обезбедување безбедна пловидба во Црното Море, забрана за удари врз енергетската инфраструктура и во Русија и во Украина, продолжување на преговорите за размена на затвореници и напори за враќање на децата киднапирани од Русија. Овие договори стапија на сила веднаш по официјалното соопштение од Белата куќа на 25 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Американците и Русите без нас преговараат…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека…

Трамп: Земјата наскоро ќе процвета

Доналд Трамп накратко им се обрати на…

Макрон повика на замрзнување на француските инвестиции…

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на замрзнување…

Кремљ: Контактите со Кина на највисоко ниво…

За нас апсолутен приоритет е продолжувањето на…

Русија го отфрли планот на Трамп за…

„Русија сериозно ги сфаќа американските предлози за…