Објавено на:

Зеленски: Веруваме дека Трамп сака да ја заврши војната

t

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласија по завршувањето на нивниот дводочасовен состанок во Белата куќа, кој се одржа еден ден по телефонскиот разговор меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин и најавата за нивниот претстоен самит во Будимпешта.

По средбата, Зеленски изјави дека Путин „не е подготвен за мир“, додека Трамп го изрази спротивното мислење.

-Мислам дека претседателот Путин сака да го заврши војувањето – изјави тој.

Средбата, според двете страни, била долга и содржајна.

Зеленски ѝ се заблагодари на американската администрација за „добриот и отворен разговор“ и додаде дека на масата имало многу теми за дискусија.

Во изјавата на својата платформа Truth Social, Трамп напиша дека разговорот со Зеленски бил „многу интересен и срдачен“, додавајќи дека му порачал, како и на Путин, дека „време е да се сопре крвопролевањето и да се постигне договор“.

-Доста е со смртта и уништувањето. Нека и Зеленски и Путин прогласат победа, а историјата нека одлучи. Време е сите да се вратат дома во мир – напиша американскиот претседател.

Прашањето за проектилите „Томахок“ било меѓу главните теми на состанокот.

По вчерашниот разговор со Путин, Трамп ја намали можноста САД да и испорачаат на Украина вакви ракети, а Зеленски денеска одби да даде детали, наведувајќи дека „САД не сакаат ескалација“.

-Разговаравме за оружје со долг дострел, но не би сакал да навлегувам во детали. Се договоривме дека за тоа нема да даваме изјави – рече Зеленски, извинувајќи се на новинарите поради недостигот од одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Веруваме дека Трамп сака да ја…

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател…

Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните, луѓето…

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска,…

Денеска се празнува Светата маченичка Харитина

Во детството како сираче беше посвоена од…

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Од управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека…

(Видео) Митовски: Паланка како да е окупирана…

Градот личи на окупиран! Полициски возила на…