Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните, луѓето во старските домови…
Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови.
Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници, а според информациите на МИА најмногу во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119… Во своите домови ќе гласаат и лица кои се пријавиле за гласање а се во куќен притвор.
Членови на избирачките одбори денеска во нивните домови треба да посетат 8851 болни и немоќни лица кои побарале и им било прифатено да гласаат. До ОИК пристигнале 9217 пријави за гласање на болни и немоќни лица, а прифатени беа само 8851.
Во старските домови ќе гласаат 442 возрасни лица, наместо 450 лица. Бројката се намали за осум лица откако Министерството за социјална политика, демографија и млади, како што соопшти ДИК на седница пред неколку дена, извести дека старскиот дом Арија е затворен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…
Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…
Израел на работ на предвремени избори
Израел се приближува кон предвремени избори откако…
Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…
Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…
Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…