Објавено на:

Зеленски: Виткоф и Кушнер ќе го посетат Киев в недела

t

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе ја посетат Украина в недела, по нивната посета на Москва, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски рече дека Украина ќе ја гарантира безбедноста на рускиот воздушен простор за време на посетата на Виткоф и Кушнер во Москва. Украинскиот лидер ја повика Русија да ги прекине воздушните напади врз Украина, за да биде гарантирана безбедноста на пратениците.

Официјален американски претставник претходно денеска изјави дека плановите на Виткоф и Кушнер да ја посетат Украина и Русија овој викенд сè уште не се финализирани, бидејќи постои загриженост во врска со нивната безбедност.

Руската новинска агенција Тасс и американскиот портал „Аксиос“ јавија дека двајцата пратеници ќе ја посетат Москва и Киев во следните два дена.

Американски агенции пренесоа дека Вашингтон сака да добие уверувања од двете страни дека ќе ја обезбедат сигурноста на двајцата пратеници пред да пристигнат во Москва во сабота и во Киев – во недела.

– Планот е да ја посетат Москва и Киев, но Виткоф е неспокоен – рекол претставникот и додал: „Добиваме сигнали дека Виткоф не е толку уверен како пред неколку дена“.

Изворот го коментирал прашањето малку пред денешниот руски напад врз седиштето на Службата за безбедност на Украина во Киев. Русија и Украина ја засилија размената на воздушни удари во последните месеци, при што Москва го напаѓа Киев и украинските црноморски пристаништа со ракети и дронови, а Украина испраќа стотици дронови за напади врз руски рафинерии, терминали за нафта и трговски складишта.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела ги предупреди авио-компаниите да го избегнуваат рускиот воздушен простор, бидејќи, според него, тоа е премногу опасно за цивилни летови.

Рускиот лидер Владимир Путин изјави дека таквата закана е еднаква на државен тероризам. Русија денеска соопшти дека поднела протест во Меѓународната организација за цивилна авијација поради заканите на Украина, дека присуството на украински дронови го направило рускиот воздушен простор премногу опасен за цивилни летови.

„Ова нема правна сила, ја изобличува реалната ситуација и ги доведува во заблуда авио-компаниите што го користат рускиот воздушен простор“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Виткоф и Кушнер ќе го посетат…

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер…

(Фото) Трамп ќе гради триумфална капија, висока…

Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да…

Германската полицијата е во потрага по маж…

Германската полиција бара маж осомничен за извршување…

Службеник на Канцеларијата на генералниот обвинител на…

Националното биро за борба против корупција на…

Најмалку 37 загинати при кражба на нафта…

Како што соопштија локалните организации денеска најмалку…