Објавено на:

Зеленски: На фронтовите во Украина се забележува значително зајакнување

t

На фронтовите во Украина се забележува „значително зајакнување“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на извештај од главниот воен командант на земјата.

Зеленски рече дека главниот командант Олександар Сирски го информирал за ситуацијата на бојното поле за време на состанокот на военото раководство на Украина, пренесе ДПА.

„Украинските позиции се силни, а ова е резултат кој на нашата држава ѝ е многу потребен – резултат кој сигурно ќе ги поддржи сите дипломатски чекори“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Украинскиот воен блог ДипСтејт (DeepState), кој ги следи случувањата долж линијата на фронтот користејќи информации од отворени извори и дојави од воени извори, исто така ја оцени ситуацијата како главно стабилизирана.

Според ДипСтејт, руските сили зазеле само 14 квадратни километри украинска територија во мај, што е најниска месечна добивка во последните три години.

„Војната влегува во нова фаза и за украинската држава е важно да не ја изгуби иницијативата“, напишаа аналитичарите на Телеграм.

Руските сили напредуваа стабилно од есента 2023 година, иако бавно и со огромни загуби. Меѓутоа, од почетокот на петтата година од војната, украинската армија успеа да ја стабилизира ситуацијата на бојното поле.

Украина исто така ги засили нападите со дронови со долг дострел врз руската нафтена и воена индустрија, нанесувајќи им значителна штета на стратешките цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: На фронтовите во Украина се забележува…

На фронтовите во Украина се забележува „значително…

Путин доби сериозно предупредување: Нивото на воени…

Високо рангираните руски финансиски претставници приватно го…

Трамп: Преговорите со Иран продолжуваат забрзано, Израел…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека…

Руски напад во Одеса: Оштетено породилиште во…

Руските сили нападнаа цивилна инфраструктура во јужната…

Путин до Ерменија: „Немојте да го следите…

Рускиот претседател Владимир Путин и ерменскиот премиер…