Зеленски: На фронтовите во Украина се забележува значително зајакнување
На фронтовите во Украина се забележува „значително зајакнување“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на извештај од главниот воен командант на земјата.
Зеленски рече дека главниот командант Олександар Сирски го информирал за ситуацијата на бојното поле за време на состанокот на военото раководство на Украина, пренесе ДПА.
„Украинските позиции се силни, а ова е резултат кој на нашата држава ѝ е многу потребен – резултат кој сигурно ќе ги поддржи сите дипломатски чекори“, напиша Зеленски на Фејсбук.
Украинскиот воен блог ДипСтејт (DeepState), кој ги следи случувањата долж линијата на фронтот користејќи информации од отворени извори и дојави од воени извори, исто така ја оцени ситуацијата како главно стабилизирана.
Според ДипСтејт, руските сили зазеле само 14 квадратни километри украинска територија во мај, што е најниска месечна добивка во последните три години.
„Војната влегува во нова фаза и за украинската држава е важно да не ја изгуби иницијативата“, напишаа аналитичарите на Телеграм.
Руските сили напредуваа стабилно од есента 2023 година, иако бавно и со огромни загуби. Меѓутоа, од почетокот на петтата година од војната, украинската армија успеа да ја стабилизира ситуацијата на бојното поле.
Украина исто така ги засили нападите со дронови со долг дострел врз руската нафтена и воена индустрија, нанесувајќи им значителна штета на стратешките цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранскиот претседател му се заблагодари на Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател…
Русите во јуни префрлиле рекордни 321 милијарда…
Во јуни Русите префрлиле 321 милијарда рубљи…
Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија
Европската Унија подготвува нов, голем список на…
Кремљ: Самитот Путин-Трамп-Зеленски е можен само за…
Самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот…
Украина бара предвремено користење на заемот од…
Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денеска…