Објавено на:

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел од важните кадровски одлуки во вооружените сили на Украина се веќе подготвени и најави продолжување на промените во воениот врв, соопштено е по состанокот со највисоките воени функционери.

– Денеска решивме важни воени прашања. Разговаравме за кадровските предлози. Главниот командант на Вооружените сили, Михаило Драпатиј, во соработка со (началникот на Генералштабот) Ихор Скибјук и (вршителот на должноста министер за одбрана) Јевхениј Хмара, изнесе визија за промените. Дел од одлуките се веќе подготвени, а ќе има и други – рече Зеленски.

Тој информира дека со воените функционери разговарал за ситуацијата на фронтот и за мерките за зајакнување на клучните правци, посебно во Доњецката област.

– Благодарен сум им на сите единици кои постигнуваат значајни резултати во одбраната на нашите позиции и одбраната од окупаторите во подрачјата на Словјанск, Константиновка и Добропоље – рече Зеленски.

Според него, на состанокот станало збор и за спроведувањето на планот за далекусежни санкции против Русија.

Важна тема на состанокот била и противвоздушната одбрана, како и потребите за заштита на градовите и заедниците во близина на фронтот и долж границата, регионалните центри и главниот град Киев.

Украинскиот претседател претходно изјави дека новото воено раководство подготвува модернизација на Вооружените сили на Украина, која треба да се спроведе координирано за Русија да не може да ги искористи промените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…