Објавено на:

Зеленски подготвен за средба со Путин: „Мора да се сретнеме и да разговараме“

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку двајцата бидат поканети на собирот во декември.

Во интервју за „Дојче веле“, Зеленски беше прашан дали би се сретнал со Путин доколку и двајцата лидери добијат покана за самитот. Тој одговори потврдно.

„Да, секако. Мора да дојдеме. Мора да се сретнеме, да разговараме и да донесуваме одлуки“, изјави Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека за него најважен е исходот од евентуалната средба, а не разговорите и изјавите на лидерите.

„Не се работи за зборови. Што ќе му кажам јас или што сака да ми каже, не е важно. Важен е само резултатот“, рече Зеленски.

Изјавата доаѓа во период на засилени дипломатски напори за прекин на руско-украинскиот конфликт. Американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер минатиот викенд ги посетија Москва и Киев, во обид да се придвижат разговорите за прекин на војната.

Зеленски нивната посета ја оцени како „добар сигнал“, нагласувајќи дека е важно американските претставници да разговараат и со украинската и со руската страна.

Минатата недела телефонски разговараа и рускиот претседател Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. Кремљ разговорот го опиша како „исклучително отворен“ и конструктивен.

Соединетите Американски Држави годинава претседаваат со Г20, групата која ги опфаќа 19-те најголеми економии, Европската Унија и Африканската Унија.

Руски претставници во последниот период учествуваат на состаноци поврзани со Г20 и покрај противењето на дел од европските сојузници на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски подготвен за средба со Путин: „Мора…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е…

Приведен 68 годишен гостиварец, ја нападнал сопругата…

68-годишен гостиварец е приведен откако неговата 65-годишна…

(Видео) Украински дронови погодија фабрики во руски…

Извештаите укажуваат на пожари во фабриките по…

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат…

Пожарот кај селото Белица во општина Македонски…

(Видео) Хутите слават на американски оклопни возила…

Членови на движењето Хути се снимени како…