Зеленски: Подготвен сум да се сретнам со Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен за директна средба со рускиот претседател Владимир Путин на неутрална територија, објави РТВ.
„Подготвен сум да се сретнам со Путин. Секако не во Москва, не во Киев, но има многу други места – на Блискиот Исток, во Европа или во Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски во интервју за италијанското Радио Раи. Зборувајќи за Донбас, украинскиот лидер ја отфрли можноста за територијални отстапки кон Русија, предупредувајќи дека тоа ќе им овозможи на руските сили да заземат стратешки позиции без поголеми загуби и потенцијално да ја прошират офанзивата кон други градови, вклучувајќи го и Харков.
Тој, исто така, изјави дека таков потег би предизвикал длабоки поделби во украинското општество и би ја загрозил независноста на земјата. Зеленски ги поздрави напорите на САД за постигнување прекин на огнот со Иран, оценувајќи дека тоа би можело да придонесе за ублажување на глобалната енергетска криза, но нагласи дека воената поддршка за Украина мора да продолжи. Тој додаде дека трилатералните разговори со Русија се одложени поради фокусот на Вашингтон на Блискиот Исток, но дека тие ќе продолжат.
Украинскиот претседател, исто така, ja пофали Џорџa Мелони, нарекувајќи ја силен лидер и еден од најгласните застапници за помош на Украина во Европа, и оценувајќи дека нејзините односи со САД би можеле да придонесат за притисок врз Москва.
Зборувајќи за безбедносните гаранции, Зеленски ја нагласи потребата од долгорочно присуство на европски и американски партнери, предупредувајќи дека Русија би можела да ја продолжи својата офанзива во наредните години. Запрашан за изборите, тој рече дека нивното одржување во моментов не е можно поради воени услови и безбедносни предизвици. Тој, исто така, изрази надеж дека САД ќе ги заострат санкциите кон Русија, и покрај продолжувањето на извозот на нафта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…