Зеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина дозволи за производство на ракети „патриот“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп донел конечна одлука Украина да добие лиценци за производство на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“.
Зеленски рече дека Трамп лично му ја потврдил одлуката на нивната средба во Њујорк.
„Постојат конкретни договори. На нашиот последен состанок претседателот Трамп ми потврди: ‘Да, донесов конечна одлука. Украина ќе добие лиценци за производство на ракети „патриот“’, изјави Зеленски пред новинарите.
Сепак, од американскиот Стејт департмент претходно беше соопштено дека конечна одлука за издавање на лиценците сè уште не е донесена и дека разговорите продолжуваат. Тоа беше потврдено на 23 септември, само неколку дена пред најновата изјава на Зеленски.
Трамп уште на 31 јули, зборувајќи за можноста Украина да произведува ракети за „патриот“, изјави дека САД мора да бидат „многу внимателни“ при споделувањето на чувствителната воена технологија. Во тоа време тој рече дека Вашингтон сè уште не се согласил на пренос на технологијата и дека разговорите продолжуваат.
Зеленски претходно соопшти и дека Украина постигнала договор за испорака на еден пакет ракети за системите „Патриот“. Тоа е одвоено прашање од лиценцата за нивно производство во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…