ЗНАМ: Среќа е што Антонио Милошоски ниту бил, ниту ќе биде премиер

t

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Среќа за сите што Милошоски не е Премиер на Македонија

„Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е последниот кој има кредибилитет да држи лекции за правосудни стандарди.

Го слушнавме како објаснува што би направил и што би реконструирал кога би бил Премиер.

Добро е да потсетиме за среќа на сите:

Тој не е Премиер, ниту бил, нити ќе биде“, рече на денешната прес конференција Павле Арсоски, Потпретседател на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија.

Поводот за конференцијата, како што рече Арсоски, беше настапот на Милошоски во кој изрази најотворен сомнеж во квалитетот на работењето на министерот за правда Игор Филков, претседател на централниот одбор на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и еден од најуспешните министри во Владата на Мицкоски.

„Добро е да се вратиме на реалноста, а не на политички фантазии.

Министерството за правда и министерот Филков во изминатите 18 месеци имаат подготвено 28 закони, кои се во различна фаза на донесување.

Особено внимание е посветено на законите кои треба да се донесат согласно Реформската агенда – владеење на правото.

Од нив повеќето закони се доставени до Владата и се во владина процедура“, рече Арсоски.

Тој додаде дека во интерес на Македонија и на сите нејзини граѓани треба да се продолжи со посветена работа на реформските процеси кои се единствениот пат кон европска иднина.

„Очекуваме во најкраток можен рок ВМРО ДПМНЕ јавно да се огради од ставот на Антонио Милошоски“, рече потпреседателот, Павле Арсоски.

Запрашан кој е ставот на Движењето во однос на измените на кривичниот законик, Арсоски одговори:

„Движењето ЗНАМ и пред минатогодишните парламентарни избори беше кристално јасно.

Партијата е на став дека проблематичните измени на членот 353 од Кривичниот законик треба во најитна постапка да се вратат и да бидат во иста тежина согласно санкциите, дури ако е можно и да се зголемат.

И ние опстојуваме на тоа и работиме на тоа“.

На прашањето дали податокот дека речиси 90 проценти од законите се во владина процедура значи дека Владата се однесува неажурно кон подготвените предлози и дали смета дека целиот процес треба да оди позабрзано од страна на владата, потретседателот Арсоски рече:

„Сакаме да кажеме дека перцепцијата во јавноста кон министерот за правда и Министерството за правда кое што во 18 месеци подготви 28 закони, што се нема случено во поновата историја на Македонија, е нешто што треба да се респектира.

Законите се подготвени.

Некои се во измени и дополнување, некои се комплетно нови закони.

Но прашањето треба да го упатите кон Владата и премиерот Мицковски, не кон Движење ЗНАМ, затоа што министерот со неговиот тим ја сработи работата и оваа цела плејада на закони се во одредена фаза на постапка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНАМ: Среќа е што Антонио Милошоски ниту…

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Движење ЗНАМ – За Наша…

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа иницијатива за…

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ денеска…

Портпаролот на ЗНАМ: Вреди го изигра Орце…

*Објава на Фејсбук на Никола Мемов, портпарол…

Костовски: Советник од ЗНАМ нападна активисти на…

Во пресрет на завршувањето на изборната кампања,…

ЗНАМ ќе има двајца кандидати за градоначалници…

ЗНАМ одржа прес-конференција на која беа соопштени…