Костовски: Советник од ЗНАМ нападна активисти на СДСМ во Куманово

t

Во пресрет на завршувањето на изборната кампања, членови на штабот на Мартин Костовски, кандидат за градоначалник од коалицијата СДСМ, беа нападнати од страна на Самек Салиевски, актуелен кандидат за советник од ЗНАМ и член на тимот на Максим Димитриевски. Настанот е пријавен во полициската станица при СВР Куманово.

„Ја знаеме хистеријата на Максим, знаеме дека е исплашен, меѓутоа денеска дојдовме во полициската станица за да го пријавиме настанот. Ги повикувам органите на прогонот веднаш да постапат“, изјави кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.

Дополнително, Костовски бара реакција и од другите надлежни институции:

„Го повикувам и Државната изборна комисија, како и Јавното обвинителство, да се стави крај на ваквото политичко насилство врз истомисленици и политички противници. Ова веќе не смее да се случува во едно цивилизирано и демократско општество.“

И покрај притисоците и насилството, коалицијата продолжува со кампањата.

„Мојата порака од тука е дека ние вечерва ќе одржиме митинг во Средорек и ќе ја дадеме нашата поддршка“, порача Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Експлодирала плинска боца во стан во Куманово

Плинска боца експлодирала во стан во Куманово,…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…