ЗНАМ: Три дена молк на СДСМ за деловните релации на Венко и Заеви во Бугарија

t

Бидејќи по вчерашната прес конференција на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, немаше никаков одговор од раководството на СДСМ, денес повторно ги прашуваме Венко Филипче и СДСМ:

Зошто молчат за фирмите и деловните релации во Бугарија?

Молкот на СДСМ и Венко Филипче само дополнително ги засилува сомнежите во јавноста дека зад нивните политики и ставови не стои никаква принципиелна борба за европска иднина, туку заштита на бизнис интереси и лични врски со Бугарија.

Доколку нема што да кријат, тогаш нека излезат пред македонската јавност, нека го погледнат народот во очи и нека ја кажат вистината за целта, сопственичката структура и работењето на овие фирми.
Прашуваме повторно:

* Дали Венко Филипче е сопственик или поврзано лице со фирмата POWER i8 Ltd. во Петрич, со дејност поврзана со недвижности?
* Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., исто така регистрирана во Петрич?
* Колку фирми на лица блиски до поранешното и сегашното раководство на СДСМ се регистрирани на иста адреса во Петрич?
* Какви бизниси и економски интереси имаат овие структури во соседна Бугарија?

Одважи се Венко, покажи го вистинското лице!

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината, не само за фирмите, туку и за тоа што навистина стои зад нив.
А најмногу вистината ја заслужуваат членовите и симпатизерите на СДСМ, луѓето кои искрено веруваат, вложуваат емоција и доверба во партијата и во нејзиното раководство. Тие не смеат да бидат оставени во дилема или да бидат последни што ја дознаваат вистината за тоа кому всушност му служи бугарофилската политика што ја поддржуваат.

Осум години додека беа на власт, СДСМ ја отвори вратата за најголемите национални порази и наместо црвени линии, поставуваа црвени теписи за туѓи агенди кои длабоко го разнишаа достоинството на македонскиот народ.

Македонија заслужува да знае дали зад европската реторика на СДСМ се крие истата политика на отстапки, сервилност и поданост кон туѓи интереси.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи јавно и отворено да ги поставува овие прашања сè додека јавноста не добие целосни и транспарентни одговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНАМ: Три дена молк на СДСМ за…

Бидејќи по вчерашната прес конференција на Движење…

ИЛЈАДНИЦИ БУГАРИ И РОМАНЦИ ДОАЃААТ ВО ГЕРМАНИЈА…

Германските градови бараат решение за злоупотребата на…

(Видео) Прекрасни сцени во Струга: Кутлеш, македонско…

Кога мислам на соживот, мислам на Струга!…

Со закана со пиштол се обидел да…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишен…

Маѓар: Виктор Орбан нема да добие отпремнина

Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави дека се…