Со закана со пиштол се обидел да ограби канцеларија за брзи кредити во Битола – полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишник!
Битолската полиција поднесе кривична пријава против 36-годишен жител на градот, откако бил осомничен дека се обидел да изврши разбојништво под закана со огнено оружје во канцеларија за кредитирање. Случајот брзо бил расчистен по интервенција на полициските службеници и извршен претрес во неговиот дом.
Од Секторот за внатрешни работи Битола информираат дека лицето М, објави 4news.mk Ѓ. (36) е пријавено за кривично дело „разбојништво во обид“, а по инцидентот било лишено од слобода околу 1 часот по полноќ. По обезбедена судска наредба од Основниот суд Битола, бил извршен претрес во неговиот дом, при што бил пронајден и одземен пиштол за кој постои сомнение дека бил употребен при обидот за кривичното дело.
Инцидентот се случил на 30.04.2026 година околу 18:10 часот во објект за кредитирање на улицата „Столарска“ во Битола. Според информациите од полицијата, осомничениот со закана со огнено оружје се обидел да изврши разбојништво, но откако не успеал да ја реализира намерата, побегнал од местото на настанот.
По преземените мерки и активности, случајот е целосно расветлен, а против лицето е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи и обвинителството за случајот со…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за…
ГЕЈ ПАРАДАТА СЕ СПОИ СО СТУДЕНТСКИТЕ ПРОТЕСТИ:…
Белградската Парада на гордоста годинава доби силна…
Нови правила на европските граници: Од 6…
Од недела, 6 септември, престануваат да важат…
АФД ВОДИ! 1,7 милиони избирачи во германската…
АфД се очекува да освои околу 40…
Почна апсењето на пироманите: Полицијата приведе маж…
Полицијата приведе 38-годишен маж од Македонски Брод…