ЗНМ одговори на соопштението на СДСМ: Медиумите одговараат пред својата публика, а не пред партиите
По денешната објава на СДСМ со критичка ретроспектива на уредувачката политика на Инфомакс, ЗНМ смета дека ваквиот пристап не е соодветен за јавна комуникација.
Во демократско општество, улогата на политичките партии не е да квалификуваат или етикетираат медиуми, туку да одговараат на нивните прашања и критики од јавен интерес. Медиумите, без разлика дали некому му се допаѓа нивната уредувачка политика или не, се дел од плурализмот и јавната дебата.
Обидите на било која политичка партија да дели медиуми на „подобни“ и „неподобни“ не придонесуваат кон слобода на изразување, туку создаваат дополнителна поларизација во општеството. Наместо тоа, многу поважно е сите чинители да гарантираат еднакви услови за работа и транспарентност на медиумите и новинарите.
Потсетуваме дека за својата работа новинарите не треба да одговараат пред политичките субјекти. Оценката за медиумите ја дава јавноста, преку следење на нивната конзистентност, професионалност и кредибилитет, при што и самите медиуми имаат обврска доследно да се придржуваат до професионалните стандарди, начелата на новинарска етика и одговорност, градејќи доверба преку точност, проверка на информации и интегритет во известувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ одговори на соопштението на СДСМ: Медиумите…
По денешната објава на СДСМ со критичка…
Макрон: Мора да го почитуваме суверенитетот на…
Одговарајќи на прашања од студенти на престижниот…
Политико: Трамп го испраќа Венс во „операција…
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс следната недела ќе…
Иран не одговори на барањето на САД…
Иран не одговори на предлогот на САД…
Во време кога слободата на говор е…
Во време кога слободата на говор е…